Првото новороденче во Кочани – женско

Емилија Постолова од с. Градец, Виница, синоќа го донесе на свет првото новороденче во Кочани во 2024 година. Третото дете во семејството Постолови е женско, по двете момчиња.

Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,3 килограми, долго 50 сантиметри и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети мајката Емилија и новороденчето Бојана, врачувајќи им ги традиционалните подароци и им посака добро здравје, многу среќа, со желби за среќно и убаво детство на новороденчето, а упати благодарност и до персоналот што го изврши породувањето.

Воедно, градоначалникот ја честита и првата рожба на семејството Постолови од Кочани, бебето Јаков Постолов, родено на 1 јануари во приватната болница Ре-медика во Скопје.

Сподели: