Кога природата пишува поезија

Чуден е овој ноември. Иако прекрши втората половина од месецот, а Митровден одамна помина, природата си поигрува со доцната есен и со претстојната зима и прави вистински чуда. На Осоговските Планини, на надморска височина од околу 1200 метри, капините се вцрвиле како среде лето. Тука и таму може да се забележи и по некој цвет – неверојатна убавина. Повторно цвета Мајчината душица и шири опоен мирис … Буковата шума прави неповторлив килим озвучувајќи го секој чекор. И сето тоа далеку од корони, политики, поделености,трки за власт и трки за спас.

Сподели: