Администрацијата ќе се фати за лопата, ќе пошумува на Осоговието
Во понеделник на 23 ноември во 12 часот ,општина Кочани организира акција за пошумување на пределот кој беше опожарен минатата година, покрај патот кон Осоговските планини.
Во акцијата за пошумување ќе бидат вклучени вработените во општинската администрација и од други јавни институции.
Преку оваа акција за пошумување ќе се даде мал придонесе во обновувањето на изгорениот шумски фонд, како и кон мерките кои ги презема единицата на Локалната самоуправа во борба против аерозагадувањето.