Медиумите-отворени за различни политички гледишта

Во врска со јавно искажаните реакции дека во дневно-информативните изданија на националната телевизија ТВ Телма отсуствуваат информации за активностите и ставовите на најголемата опозициска партија за актуелни општествено-политички прашања, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека еден од основните програмски принципи на кои се темелат програмите на радиодифузерите е објективно и непристрасно прикажување на настаните со еднаков третман на различните гледишта и мислења и овозможување на слободно оформување на мислењето на публиката за одделни настани и прашања.

Медиумите се самостојни и независни при креирањето на уредувачката политика, но политичкиот плурализам е витален за развој и зачувување на демократските општества. Токму затоа медиумите мора да бидат свесни за својата улога и одговорност во креирањето на јавното мислење, односно обврската кон јавноста програмите да бидат отворени за различни политички гледишта., се вели во соопштението на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Сподели: