aktuelnosti.mk: каматата дајте им ја на учениците
И сега каков епилог на судскиот спор помеѓу Општината, која стои зад двете училишта, „Гошо Викентиев“ и „Никола Карев“, кои должат 140.000 евра за камата спрема превозникот „Авто Атом“. Додека градоначалникот Илијев и директорите на двете училишта го молат директорот да се откаже целосно или делумно од каматните побарувања, може лесно да се случи бизнисменот од Битолско да пресмета и да побара за наплата и камата на каматата. Тогаш вкупниот износ на исплатените средства кон превозникот на ученици, но и не само на ученици, може да достигне фантастични близу милион евра.
Меѓутоа, бидејќи околу случајот со каматите се крена голема прашина, меѓу другото и поради малата средина каква што е Кочани, се чини најдобро излезно решение од лавиринтот е некаков компромис. А за aktuelnosti.mk, компромис е средствата од каматата двете страни да ги пренаменат за набавка на лап топи за учениците во кочанските училишта, бидејќи тие и го направиле бизнисот вреден околу 700.000 евра, на кои некој се сетил да пресметува и камата. Со таква разрешница ќе профитира заедницата, на која по разни основи, сите повеќе или помалку и должиме. Впрочем, се работи за незаработени пари, односно пари без пот, па едно такво решение ќе ги направи сите големи.