„Слога 1934“ освои бод, „Осогово“ поразено
На петте натпревари од 13 коло во Втората Македонска фудбалска лига – Исток се постигнат вкупно 14 гола, иако два завршија без голови. Во Кочани, ГФК „Осогово“ загуби од штипска „Брегалница“ со 3 : 1, резултат што е постигнат уште во првото полувреме. Штипјани беа надмоќни во текот на целиот натпревар, а резултатски тоа го потврдија со трите постигнати гола во првото полувреме. Во второто фудбалерите на двете екипи одиграа колку да помине времето, бидејќи немаше никаква резултатска неизвесност.
„Слога 1934“ оствари мала сензација освојувајќи бод против домаќинот „Кожуф“ во Гевгелија. А сензацијата можела да биде целосна доколку Бујчевски и Коцевски ги искористиле стопроцентните шанси пред крајот на натпреварот, кога се нашле само пред противничкиот голман
На другите терени се постигнати следниве резултати: „Тиквеш“ – „Кит -Го“ 1:4, „Плачковица“ – „Победа“ 0:0 и „Каменица Саса“ – „Росоман“ 5:0.