Пастата за заби како паста за нокти

Пастата за заби сега е и паста за нокти. Кој се сетил, алал му вера. Отворете го интернетот и ќе видите дека е полн со снимки како луѓето, посебно дамите, мачкаат паста за заби на своите нокти. Поради тоа што негата на ноктите е постојана женска опсесија, а некои дами имаат проблем со непријатното кршење на ноктите, особено во студените зимски денови, некоја се сетила на чудесниот трик. Пастата за заби се покажала како одличен зацврстувач на ноктите, со што се намалува кршливоста.
Откако трикот стана светски популарен, се огласија и експертите кои тврдат дека пастата за заби веројатно не го забрзува растењето на ноктите, но докажано е дека може да ги осветли ноктите.
Доколку ви се омилени црвениот лак за нокти, или друга темна нијанса, паста трикот е одлично решение, затоа што ќе ви помогне да ги отстраните и најмалите остатоци од лакот и истовремено ги светне со белина.

Сподели: