Се асфалтира улицата „Карпошово Востание“

Улицата „Карпошово востание“ во населбата Усова Чешма во Кочани се асфалтира. Претходно се изградија потпорни ѕидови и се постави фекална канализација во должина од 270 метри. Деновиве механизацијата работи на поставување на асфалтот.

– Станува збор за улица чија изведба беше сложена од повеќе аспекти. Надминавме повеќе проблеми во канализирањето на отпадните и амосферските води, а настојувавме да одговориме и на конкретните потреби на жителите од оваа улица – соопштуваат одговорните од Секторот за уредување на градежно земјиште во Општина Кочани.

„Карпошово востание“ е една од осумте улици што се градат со средства од Буџетот на Општина Кочани за тековната година.

Веќе се асфалтирани  улиците „7 Септември“, кракот 2 од „Искра“ и „9 Мај“. Подготовки за асфалтирање се одвиваат и на крак од улицата „Крум Вранински“ и „Васил Главинов“, а на „Борис Ефтимов“ се гради потпорен ѕид. За изградба е планиран и крак на „565“ во Лесна индустрија.

Сподели: