„Жива ли е“ опозицијата во Кочани … !?

… или опозиција ли е во градот на оризот, опозицијата ? Што се случува со неа ? Каде се кочанските вмровци ? Каде утре ќе протестираат, во Виница, или …? Дали можеби во Кочани не се созреани условите „за идентитетско востание“ !? Зошто никој од ОК не најавува некаква конкретна активност во градот на оризот? Многу прашања си поставуваат граѓаните, посебно членовите и симпатизерите на опозициските партии, без некој на локално ниво да им даде конкретен и издржан одговор. За издвојување е малубројното присуството на одреден број членови на централните протести што ги организира партискиот врв, за кои на социјалните мрежи само повремено ќе се појави понекоја фотка, како потврда дека и во Кочани има опозиција.

Ваквите прашања не произлегуваат од тоа дали некој ги поставува од аспект на позиција или опозиција, туку заради нагласената потреба која ја наметнува моментот, и власта и опозицијата да бидат на бараното ниво согласно меѓудржавните процеси во кои се кројат идентитетски, државни и национални судбини. Кој знае, можеби на таквите протести ќе им се приклучат и партиски определени, но и неопределени граѓани, дури и слободоумни припадници од спротивите табори, на кои името, државата, историјата, им се пред одредени еднократни придобивки.

Фактот дека новиот претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ за Кочани беше избран неодамна, не може и не смее да биде оправдување што Кочани го нема на картата на градови на Истокот кои утре ќе протестираат, како поддршка на мотото „Протест сега, за да не биде доцна“. За една силна партија, која 11 години на локално ниво ја практицираше власта, неприфатливо е да се држи резервирано во такви пресудни и драматични моменти, во кои (ќе) се пишува ваква или поинаква историја.

Сподели: