Наредниот вторник, 8-ми декември, празнуваме
Осми декември е Денот на „Св. Климент Охридски” и е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека празнувањето е во согласност со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07).
Mинистерството за труд и социјална политика ја користи оваа прилика, на сите граѓани во државата да им го честита празникот „Св.Климент Охридски”.