Продаваат коли, остануваат и без кола и без пари !?

Од МВР денеска излегоа со информација дека имало појава на зачестени кривични дела измама при купопродажба на патнички моторни возила на територијата на Република Северна Македонија, од страна на вешти измамници.

Препредените манипулатори при склучуваат нотарски договори, без да му ги дадат парите на продавачот на возилото, употребуваат разни лажни искази, со цел да го одолговлечат плаќањето и потоа никогаш да не го извршат.

Подоцна измамниците најчесто одбегнувале секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправната имотна корист. МВР е во засилена акција за расчистување на пријавените измами, меѓутоа истовремено упатува апел до граѓаните да бидат претпазливи и да не склучуваат договори без притоа да им бидат исплатени парите

Сподели: