Петардите ќе „изгорат“ многу џебови
Од 200 до 500 евра казна ќе заработат лицата кои продаваат, купуваат или пукаат петарди на јавни места. Тоа значи дека е забрането пукањето во дворни места, во станбени згради, на улица, бидејќи се прави прекршок против јавниот ред и мир.
Полицијата пред новогодишните празници ги засили контролните и други активности, поврзани со навремено откривање и спречување продажба и употреба на петарди и други пиротехнички средства.
Набавувањето и дистрибуирањето на петарди на пазарите во поголеми количини е спротивно на Кривичниот законик и за тоа дело е предвидена казна затвор од најмалку пет години. Токму затоа надлежните апелираат граѓаните да не се занимаваат со овој бизнис, а младите да не ги пукаат, поради серизоната опасност од повреди.