А на нас зобнико …

А што му преостанува на еден вреден земјоделец кој сеуште не си ги земал парите за ланскиот ориз од откупувачите, освен симболично да констатира дека му преостанува да работи „како вол за слама“.

-На едните ваучери, за други трето, а за нас зобнико … (Зобник е еден вид кесе во кое се става овес или јачмен, за коњот или магарето да се подхранат пред потешка работа), вели револтираниот Здравко од Спанчево.

Човекот обработува десетина хектари со ориз и произведува над 50 тони оризова арпа. Незадоволен од откупната цена на преработувачите им предал само една десетина од вкупниот род. Другите количини ќе ги чува се додека не добие реална цена, бидејќи и да ги продаде за 17-18 денари за килограм, парите ќе ги земе кој знае кога.

Сподели: