Прогласени најдобрите ликовни дела на учесниците на ликовниот конкурс „ Книга наместо технологија„

Денеска во ЈОУ Библиотека Искра беа доделени дипломи на наградените ученици од основните и средните училишта кои учествуваа на ликовниот конкурс „Книга наместо технологија„ кој се организираше по повод месецот на книгата.  Координатор на проекот е Кристина Ѓорѓиевска Атанасова,која истакна дека ,ликовниот конкурс „Книга наместо технологија“ беше организиран по повод Месецот на книгата од 15 Октомври до 15 Ноември.

– Намерата беше, во услови на пандемија кога е ограничено движењето а со самото тоа и неодењето на училиште на децата , да го поттикнеме читањето кај децата,да се оттргнат од апаратите на модерната технологија.  Со Ликовниот конкурс пак да се поттикне и нивната ликовна креативност, односно преку своите ликовни творби и вештини да ги прикажат впечатоците, инспирирани  од содржината на прочитана книга, како омилен лик, омилено дело, сцена или пејсаж од омилената прочитана книга или едноставно книката како предмет и сл.

Конкурсот беше успешно реализиран, на наше задоволство добивме солиден број убави цртежи, на кои учениците  инспирирани од прочитана книга твореле и ги нацртале своите впечатоци. Ликовниот конкурс беше реализиран online, преку социјалната мрежа FACEBOOK, каде учесниците преку користењето на модерната технологија ги споделуваа своите ликовни творби преку опцијата STORY.

Изјава

Целта  да се организира ваква активност е во услови на пандемија кога учениците не одат на училиште, односно следат онлај настава да се мотивираат почесто да другаруваат со книгата.

Сподели: