За едни општини по две, за други по една дотација
Повеќе општински буџети ќе се освежат со по еден-два милиони евра за реализација на разни проекти од интерес на граѓаните, меѓутоа, одделни градови ќе добијат по две дотации, а други значително помалку. Портпаролот Хоџа не го спомна Кочани меѓу градовите на кои ќе им бидат доделени над милион евра.
Државата со 35.милиони евра ќе реализира 99 инфраструктурни проекти во 75 градови, со кои ќе им се подобри квалитетот на живеење на граѓаните. Парите се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти.
Меѓутоа, во позначајните, кои ги презентираше портпаролот Хоџа, го нема Кочани, но затоа Штип и Струмица ги има во по две ставки.Над 1 милиони евра ќе добијат: Штип, Струмица, како и Тетово, Кичево, Струга, Шуто Оризари и Чаир, за проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеењето на граѓаните.
Струмица ќе добие уште 1,4 милиони евра, а Штип плус 1,2 милиони евра за други проекти.
Очекувано, најмногу ќе добие градот Скопје, над 6 милиони евра за два проекти. По 1,1 милион евра ќе добијат Тетово и Кичево. Со по 1,1 милион евра ќе се гради атмосферска канализација во Општина Шуто Оризари, и во Струга неколку патишта, и така натаму.
Телевизија Кочани денеска го праша градоначалникот Николчи Илијев, колку од 35-те милиони евра ќе добие општината.
Изјава …
Инаку, Општина Кочани аплицирала за повеќе проекти, но било проценето дека е најбитен проектот за водоснабдување, па во интерес на истиот, другите апликации се повлечени.
Државата ќе дели 35 милини евра
ЗА ЕДНИ ОПШТИНИ ПО ДВЕ, ЗА ДРУГИ ПО ЕДНА ДОТАЦИЈА