ЛЗ „Бел Камен“ нишани надалеку

Ловното здружение Бел Камен од Виница со години наназад, во континуитет остварува одлични резултати во своето работење. Претседателот на здружението, вели дека перманентно се води грижа за бројноста на дивечот во ловиштата, како и на збогатување на инфраструктурата, со цел ловците да имаат што подобри услови за лов. Како резултат на таквата стратегија, од година во година бројот на членови на друштвото се повеќе се зголемува. Деновиве ЛЗ Бел Камен ги доби најзначајните документи, како предуслов за долгорочна работа и развој на ловството и во наредната декада.

Поради Ковид кризата на членовите на здружението постојано им се укажува на примена на мерките за заштита, а и самото ловно седиште функционира според протоколите, при што дневните дозволи на членовите им се издаваат според шалтерски систем.

Инаку, од почетокот на ловната сезона до сега, ловот се одвива во најдобар ред, а ловците се задоволни од уловот, како и од организациската поставеност на ловиштето.

Сподели: