Кочани ја доби битката со Пејпар Мил, што е со другите загадувачи?

Кочанци ја добија првата еко-битка во војната против загадувањето на амбиенталниот воздух и животната средина. По протестот и притисокот што го извршија кочанчани поради загадувањето од оџакот на Пејпар мил, беа спроведени мерења од надлежна лабораторија, чии резултатите покажаа дека емисиите на загадувачки материи се над дозволените и ги надминуваат пропишаните гранични вредности. Поради тоа, на 5-ти јануари фабриката доби наредба да го прекине работењето на котелот на пелети, анаместо него во процесот на производство да употребува само плин. Ваквиот режим на работење Пејпар Мил да го применува се додека со другите енергенси не се исполнат со закон утврдените гранични вредности.

Од Државниот инспекторат за животна средина инсистираат на доследно почитување на законите, и нагласуваат дека нема да се дозволи понатамошно загадување на животната средина во Кочани и пошироко.

Сподели: