Општината ќе кофинансира проект за смарт и авантуристички паркови во Кочани и Штип

Општина Кочани ќе го кофинансира проектот „Збогатување на содржините за рекреација во Источен регион – Смарт и авантуристички паркови во општините Штип и Кочани“, кој Центарот за развој на Источен плански регион ќе го аплицира за финансирање од Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година.

Вкупниот буџет на проектот за делот на Општина Кочани износува 4.208.800 денари со вклучен ДДВ од кои 2.411.588 денари се средства обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година, а износот од 1.797.212 денари е ко-финансирање од буџетот на Општина Кочани.  Износот од 1.797.212 денари, општина Кочани ќе го трансферира на сметката на носителот на Проектот, Центар за развој на Источен плански регион – Штип.

Сподели: