Сиромавиот двапати плаќа …

Несоодветно пресметале стручњаците за патишта кога пред две години ја градеа заштитата од одрони на патот Истибања-Македонска Каменица. Ново свлечиште од вчера преку потпорниот ѕид повторно го затрупа патот и го блокира сообраќајот на оваа опасна делница. Овој пат кај месноста „Ајдучки Камен“, каде се натрупани големи количини карпи и земја. Затоа народот вели, сиромавиот, или скржавиот двапати плаќа.

Поради одронот сообраќајот се пренасочува преку регионалниот патен правец Виница и Бигла кон Делчево. Исклучок се тешките товарни возила и автобуси за кои овој правец е претесен, па се пренасочуваат преку регионалниот пат Виница и Берово кон Делчево.

Од Македонија пат се излезени на терен, каде со механизацијаработат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.
Инаку, на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот, посебно кога возат низ клисурите во регионот.

Сподели: