Кај дилер од Кочани, пронајдена марихуана
Во Кочани синоќа во 21:40 часот полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода С.А.(39) од Кочани затоа што при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, била пронајдена марихуана и дигитална вага.
Како што информираа денеска од МВР, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
МВР билтен