Набавена нова ИТ и друга техничка опрема во СОУ Љупчо Сантов

 Пред почетокот  на второто полугодие од учебната 2020/2021 година СОУ „Љупчо Сантов“ – реализираше неколку проекти во делот на подобрување на наставата и опремување на училишните протстории. Денеска директорот Игор Христов презентираше дел од реализираните проекти и активности за време на зимскиот распуст.

Во текот на месец декември и почетокот на јануари е извршено хемиско поставување на целата училишна зграда. Набавени се и 61 нов лаптоп компјутер за наставниците и административниот кадар. Доопремени се и два кабинета по информатика и практична настава со нови компјутерски столчиња. Заврши реконструкцијата на кошаркарското игралиште, поставувањето на фитнес справи како и осветлувањето на источниот влез на училишната зграда, а во тек е подготовка на проект за осветлување и на западната страна на зградата, истакна Христов. 

Набавени се и музички инструменти за потребите на учениците, барабани, гајда и кавал, а во функција е ставен и училишниот клавир.

  Од кочанската гимназија информираат дека продолжуваат со онлајн предавања. Дваесетина професори ќе предаваат од училишната зграда, за што веќе се обезбедени услови во делот на греењето, интернет врската и компјутерската опременост.

Наставата ќе се одвива во една смена, а учениците ќе ја следат како и досега, од дома.

Сподели: