Што разговараа и договорија Мојсоски и Илијев?
Кусата и штура информација за денешната средба на градоначалникот Николчо Илијев и директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, која беше лиферувана до медиумите, е уште една потврда дека новинарите и медиумите им се потребни и на функционерите и на граѓаните. Од разговорот во четири очи, ниту претставниците на седмата сила, ниту спортистите и спортските работници, ниту јавноста добија јасна претстава што конкретно е разговарано а што договорено. На пример за какви спортски објекти се работи, за кои спортски дисциплини, на кои локации од градот и општината, на колку средства може да се смета, и така натаму. Уште повеќе, за какви временски рокови станува збор. А сигурно сите подеднакво се љубопитни што на тој план може да добие Кочани.
Во контекст на спортските објекти, градоначалникот деновиве изјави дека во наредниот период на градот му е потребна една асална спортска сала, но повеќе детали околу нејзината изградба засега нема, бидејќи сеуште е во категоријата долгорочни планирања и желби.