ОК ВМРО ДПМНЕ – КОЧАНИ : Николчо Илијев и Наумче Мојсоски ја манипулираат јавноста
Доаѓањето на Директорот на Агенцијата за млади и спорт во Кочани и сликањето со него не гради спортски сали. Во минатото ВМРО -ДПМНЕ беше државотворната партија која градеше во Кочани. Ако навистина имате фокус кон реална политика и реални проекти, Централната власт пред само месец време ќе ја подржеше иницијативата на нашата Комисија за спорт која преку пратеникот Миле Лефков предложи амандман да се обезбедат средства во висина од 40.000.000 денари за изградба на спортска сала во ОУ ,,Раде Кратовче”. А вие, Г-дин Градоначалник можевте да го искористите вашето политичко влијание да му помогнете на градот за развојот на спортот. Исто така ако бевте искрени во намерата, во Програмата 2021 за локален економски развој ќе предвидевте средства за изградба на спортски сали. ВМРО-ДПМНЕ во минатото само со еден проект изгради 145 училишни спортски сали. Народот ги препознава реалните проекти и политики и ќе ве казни на следниве избори Комисија за спорт при ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани