Годинава ќе се пошумат 22,5 ха голини

Според информацијата на Подрачната единица Осогово, на Македонски шуми, со пошумување и заштита од ерозија на подрачјето што го покрива, во текот на 2021 година на ридско-планинските терени на Осогово и Плачковица, ќе бидат пошумени вкупно дваесетина хектари. Конкретно на Плачковица во месноста Мородвиска шума – Шипковица ќе се пошумат 5 хектари, а на Орница 6,5 хектари. Од голините на Осоговието се планира пошумување кај месноста Јамиште, на вкупно 11 хектари.

Во информацијата доставена до Советот на Општина Кочани, не се прецизира со кој вид на садници ќе се засадуваат голините и во кој временски период од годината.  Исто така нема податоци за состојбата со шумскиот фонд, особено во ерозивните подрачја, како и за динамиката на експлоатација на шумите.

Сподели: