Патот Оризари – Добра Вода за ДПНЕ е пораз на домашен терен
Соопштението на опозицискиот ОК на ДПНЕ е јасен сигнал за тоа дека им пречи секој реализиран проект во Кочани, а посебно се гневат на вниманието и средствата што ги вложува централната власт на Кочани, а со тоа и на Истокот.
Изградбата на патот од Оризари до Добра Вода за опозицијата е „пораз на домашен терен“, а потценувањето на овој проект, на асфалтираните 2 км пат е голема навреда за жителите на Оризари и за сите граѓани на Кочани. Тоа што тие го ветуваа со децении – сега е реализирано, затоа што зборот е збор. Потсетуваме дека само за овие 3 години во руралните делови на Кочани се изградени патишта во должина од 8 км. Со реконструкцијата на патот Кочани – Пониква, близу 30 км.
Реализираните проекти се видливи, а проектираниот буџет за 2021 година е со 190 милиони денари за капитални инвестиции. Оваа година само во Оризари претстои рехабилитација на канализациската мрежа – канализирање на Кочански Дол и изградба на улицата „Искра“, замена на кровот на училишната зграда, реконструкција на улицата „Кирил и Методиј“, бетонирање на улицата „Први Мај“.
Почитувани граѓани, колку има вистина во соопштенијата на ДПНЕ се гледа по тоа што се фалат дека го изградиле експресниот пат Штип – Кочани, а вие самите можете да видите кој го гради и во која фаза е.
Како работеа тие, покажува како располагаа и ги трошеа парите на граѓаните. Така, за реконструкција на 1 км од водоводна мрежа наменија 800 илјади евра, пари од кредит кој сѐ уште се исплаќа. Со приближна сума, престои реконструкција на главниот цевковод во должина од 2,3 км. Со такви примери за нивното работење ќе продолжиме да ги потсетуваме и понатаму, се вели во соопштението на ОО на СДСМ – Кочани