ВМРО-ДПМНЕ : Николовски, Спасовски и Бочварски ги искупуваат гревовите во Оризари

По повод празникот на Оризари , Свети Атанасиј, вчера на 31.01.2021 година во Оризари и Кочани присуствуваа заменик-претседателот на владата Љупчо Николовски, министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски Оливер Спасовски и Благоја Бочварски, заменик-министер Трајан Димковски, потоа директор на Агенција за финансиска поддршка Никица Бачовски, директорката на Источно плански регион Зуица Ангелова. Исто така имаше присуство и на друга локална и централна свита од СДСМ. Министрите запалија свеќа и се пофалија за изграден пат во должина од 2км.

Почитувани граѓани можете да претпоставите сами колку чини вчерашната посета на владините и локалните претставници ако ги земеме во обзир само обезбедувањето и службените возила. Каде беа тие кога во Скопје имаше протест пред ЈО поврзан со случајот ,,Монструм’’.

Исто така ќе ве потсетиме дека во време на ВМРО-ДПМНЕ се реализираа проекти како експресниот пат Штип – Кочани со должина од 28 км, со четири ленти, вреден 21 милион евра. Се изградија повеќе локални патишта и правци како : пристапите кон Кочани и Оризари, кон Долни Подлог, кон Тркање, патот кој води до браната Гратче, патот кон локалитетот Дабот во село Бели, Оризари – Врговци, патот до Лешки, патот кон Јастребник, Пониква и многу други проекти.

Доаѓањето на министрите во Кочани нема да го убеди народот во лажната борба против корупцијата, криминалот и непотизмот. СДСМ е петта година на власт и досега требаше да испорача барем некакви резултати.

Оваа година го добивме како држава најлошото место според индексот за перцепција на корупција според ,, Transparency international ‘’, а тоа е 111 место. Има ли подобар доказ за вашата клептоманска политика.

Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кочани

Мирче Стојков

Сподели: