Проблематичен сообраќајот на угорнините
Снегот што паѓа во текот на денешниов ден го отежнува одвивањето на сообраќајот. Службите на „Водовод“ употребија сол и песок за да ја олеснат проодноста на улиците. На терен е и механизацијата.
Одговорните предупредуваат дека ниските температури создаваат голомразица, поради што на високите делови во градот движењето со возила е тешко и небезбедно. Се предупредуваат возачите и сите учесници во сообраќајот на зголемена претпазливост.
Екипи на КЈП „Водовод“ ќе останат дежурни и во текот на ноќта, а расчитувањето ќе продолжи и на тротоарите и пешачките мостови.
Механизацијата на претпријатието „Калина“, како избран изведувач, работи на расчитување на планинските патишта во Кочанско.