Спасувале болен од Ковид, ќе загинеле во сообраќајка
Возач на болничко возило и медицинска сестра, кои превезувале заради лекување, тешко болен пациент од коронавирус од Кочани, настрадале во сообраќајната несреќа што се случи во близина на селото Крупиште, при то се здобиле со тешки телесни повреди.
Двајцата здравствени работници и пациентот со тешки скршеници се примени во штипската Клиничка болница, но поради сериозноста на повредите веднаш се хоспитализирани на трауматологија во Клиничкиот центар во Скопје.
Сообраќајната несреќа се случила утрово, околу 9:30 часот на регионалниот пат Штип-Кочани кај селото Крупиште. Според полицискиот увид, дошло до судир меѓу камион, кој работи на изградба на експресниот пат, и возилото на Итната медицинска помош од Кочани. При вадење на повредените од возилото на Брзата помош интервенирале и штипските пожарникари.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панојотова информира дека на оваа патна делница се случила и втора сообраќајна несреќа кај селото Уларци. Увидот е во тек, по што полицијата ќе информира за деталите околу несреќата, во која првично учествувале три возила.