„Пејпер мил„ поставија нов вреќест филтер за прочистување на воздухот
–Пејпер Мил информира декае комплетирана последната фаза од поставувањето на вреќестиот филтер за прочистување на воздухот на фините честички прав во фабриката. Вреќестиот филтер всушност претставува гломазен контејнер од 8,50м должина, 3,50м височина и 2,50мширочина со над 130 таканаречени „ракави“. Филтерот се поставува со цел да ги прочисти и најситните честички прав, а со неговото поставување тројноќе се намали емисијата на ПМ честички, дури три пати под дозволеното ниво со А Интегрираната дозвола која ја поседува фабриката, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. Со тоа емисиите во воздухот од страна на единствената фабрика за рециклирање се намалува до ниво на строгите Европски стандарди, односно до 50 микрограми.
Филтерот е од најсовремена технологија, а набавката на филтерот и самото поставување заедно со потребните градежни работи претставува значајна инвестиција во вкупна вредност однад 55 илјади евра. Со поставувањето на филтерот и новата технологија се создаваат услови фабриката да продолжи со работа, при што емисиите на ситна прашина ќе се намалат три пати под дозволените гранични вредности.
„Нашето работење и беше во рамки на стандардите и согласно А интегрираната дозвола. Сепак, ниена сопствена иницијатива донесовме одлука да инвестираме во вреќест филтеркојшто три пати ќе ги подобри параметрите, со што ќе ги постигнеме европските стандарди.Ние ги следиме европските норми кои се пониски од македонските. Тука нормата е 150 мерни единици, во Европа е 50,па ако досега сме ги задоволувале тие 150, во моментов се подготвуваме за 50. Веруваме дека со оваа инвестиција, како и со воведувањето на нови технологии и унапредување на повеќе процеси ќе можеме непречено да го продолжиме процесот на рециклирање и производство и да ги вратиме на работа 120-те вработени. Искрено очекуваме поддршка од страна на сите чинители во процесот.“ – изјави Јулијан Даскалов, Генерален директор на Пејпер Мил Кочани.
По поставувањето на вреќестиот филтер според упатствата на производителот следи период од околу 15 дена пробна работа,со цел финални прилагодувања на филтерот во рамките на производствениот процес. По завршувањето на овој период на пробна работа ќе бидат извршени мерења на квалитетот на воздухот од страна на акредитирана светска лабораторија одобрена од релевантните институции. Од Пејпер Мил очекуваат дека филтерот ќе ги исполни параметрите гарантирани од производителот, по што ќе следи и официјално рестартирање на производствениот процес.
Единствената фабрика за рециклирање на хартија во Македонија го прекина производствениот процес кон средината на јануари годинава, по решениедобиено од страна на Инспекторатот за животна средина.Повеќе од два месеци 120-те вработени не одат на работа, но добиваат 70% од платата и редовно им се плаќаат придонеси. Нарачките кон коминтентите се откажани со што фабриката претрпува загуби. Во интерес на рестартирање на производството, Пејпер Мил инвестираше значајна сума во опрема за унапредување на технолошкиот процес и дополнително намалување на влијанието врз животната средина и ја интензивираше соработката со институциите и локалната заедница.