Инцидент во Трајаново Трло со масовна тепачка и повредени

Во време на полициски час, синоќа во населбата Трајаново Трло се случувала драматична физичка пресметка помеѓу граѓани од оваа населба и „опремена“ група од Ромското Маало, при што интервенирала полицијата, а неофицијално и единица на специјалните служби. Во пресметката во која биле употребени шипки, секири и други опасни предмети, имало повредени, ни јавуваат очевидци на настанот.

Според првични неофицијални информации од жители во овие населби, ситуацијата ескалирала синоќа, во вечерните часови, откако провалник од Ромска националност бил фатен на лице место како краде за време на полицискиот час. Самоорганизираните мештани го заплашиле и го пуштиле да си замине, но тој се вратил со повеќе лица назад за да се пресмета со нив. Групата со себе наводно носела хебли, палки и секири со цел да се пресметаат со македонското население. Во општата пресметка повредени се неколкумина, и се наводно слушнале и истрели од огнено оружје.

Синоќешниот инцидент се случи само неколку дена по вториот од двата протести на жителите на Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровиќ, кои бараа од Општината и институциите да ги заштитат од зачестената појава на провалници и ноќни кражби, при што на удар им се имотите, а со страв живеат и нивните сопруги и деца. Во измнатите денови, мештаните се самоорганизирале и со дежурни ги начекувале натрапниците, при што некои фатиле на лице место, како крадат. За жал таквите активности синоќа прераснаа во инцидент од пошироки размери, за кој допрва ќе се истражува како се случил и како ќе се расчисти.

Друга потенцијална опасност е што вештачки создадената нетрпеливост помеѓу населението од трите населби и од Ромското Маало се прошири на несогласувањата околу локацијата за изградба на дваесетте типски куќи. Како и во фактот дека во овој проблем веќе се вплеткаа поедини партиски лидери и претставници на невладини, како долевачи на бензин на огнот, што може да биде крајно опасно.

Сподели: