Протест поради криминалот и разбојништвата
Жителите на Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровик утре излегуваат на мирен протест во Градскиот парк во Кочани поради високата стапка на криминал и разбојништва во Кочани, изразени во последно време.
Во известувањето до граѓаните на Кочани се вели:
„Почитувани сограѓани, сакаме да ве информираме дека на 16.04.2021 година (петок) со почеток од 15:30 часот во Градскиот парк во Кочани ќе биде одржан мирен протест поради високата стапка на криминал и разбојништва во населбите Трјаново Трло, Усова чешма и Шатровик.
Ве повикуваме на мирен начин да го искажеме нашиот револт и незадоволство поврзани со овие девијантни појави во нашето општество кои се провлекуваат со години и станаа наше немирно секојдневие.
Сакаме да си го вратиме мирниот, достоинствен и безбеден живот за нас и нашите најблиски и затоа ве повикуваме сите кои на некој начин сте засегнати со вакви или слични проблеми поврзани со безбедноста и намалениот квалитет на живот, со вашето присуство да не поддржите во нашите заложби“, стои во повикот на жителите на Трајаново Трло, Усова Чешма и Шатровиќ.