До 3,5 милиони денари субвенции за комбајн
ЗА НАБАВКА НА КОМБАЈН СО СЕЧКАЛКА ДО 50 ПРОЦЕНТИ ОД ВРЕДНОСТА, ИЛИ 3,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, ЌЕ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРААТ ЗЕМЈОДЕЛЦИ КОИ ИМААТ НАЈМАЛКУ ЕДЕН ХЕКТАР ПОД ОРИЗ. ТОА Е НАЈНОВАТА МЕРКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО, СО КОЈА СЕ ПРЕДВИДУВА ОБНОВУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКАТА МЕХАНИЗАЦИЈА, ПОКВАЛИТЕТНА ЖЕТВА И ТРЕТИРАЊЕ НА СЛАМАТА. ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ КОИ ЌЕ ГИ ИСПОЛНАТ УСЛОВИТЕ ЌЕ СКЛУЧАТ ДОГОВОРИ СО АГЕНЦИЈАТА, ПО ШТО ЌЕ МОЖАТ ДА ГИ НАБАВАТ И КОМБАЈНИТЕ
Субвенционија до 50 %, за набавка на комбајни со сечкалка за слама, за земјоделците со над еден хектар оризови површини, е најновата мерка на Владата, со која се обезбедува квалитетна поддршка на земјоделството во државата и регионот. Вкупната сума по корисник е до 3,5 милиони денари, а аплицирањето за оваа субвенција трае еден месец, односно до 15 мај, годинава. Тоа, меѓу другото го соопшти директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделието, Никица Бачовски, при денешната посета на Кочани, каде присуствуваше и на почетокот на новата наводнителна сезона.
Со оваа мерка се очекува осовременување на земјоделската механизација, поефикасна и поквалитетна жетва на оризовата култура, а со сечкањето на сламата и оневозможување на лошата навика на земјоделците за палење на напластената слама во нивите.