„Не крши, поставена е камера …“
Блеф. Така со еден збор може да се прокоментира предупредувањето до потенцијалните уништувачи на инсталираната опрема на водоводот во планинските села и маала. Дали и колку пораката „Не крши, поставена е камера“, ќе ги одврати поединците што неодговорно посегнуваат по заедничкото добро кое го создале мештаните со помош на општината, останува да покаже времето. Но, штом буквите сеуште се читливи, а амотизациониот резервоар е во функција, опомената веројатно ја постигнува целта. Тоа што е необично е, дали е неопходна итрина, за евентуално да се спречи оштетување на објекти кои се од животно значење за малубројното население кое сеуште живее во планината.