Угинати кучиња се распаѓаат покрај нивите кај обиколницата

ДЕНОВИВЕ ДОДЕКА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ГИ ИЗВРШУВААТ ПРОЛЕТНИТЕ АКТИВНОСТИ  ВО НИВИТЕ ПОКРАЈ ОБИКОЛНИОТ ПАТ ОКОЛУ  КОЧАНИ МРШИ ОД УГИНАТИ КУЧИЊА И ФРЛЕНА КОЖА ШИРАТ НЕПОДНОСЛИВА РЕА И ЈА ЗАГАДУВААТ ЖИВОТНАТА ОКОЛИНА. ОСТАТОЦИТЕ ОД ЖИВОТНИ ОПАСНИ И ЗА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ КУЛТУРИ ЧИЈА СЕИДБА ОВДЕ Е ВО ТЕК.

Угинати животни, покрај обиколниот пат околу Кочани со денови стојат и се расоаѓаат, при што шират неподнослива реа, предизвикуваат морничав призор, и ја загадуваат животната околина. Најчесто кучиња, згазени од возила кои се движат по брзата сообраќајница, остануваат фрлени, или оставени на само неколку метри од оризните ниви. Околу нив се собираат чавки и други птици, кои предизвикуваат уште поголема морничавост. Таквите мрши во распаѓање претставуваат потенцијална опасност и за луѓето и за земјоделските култури, токму во време на пролетната сеидба.

А за тоа колкава е човечката неодговорност зборува примерот со фрлената кожа од покрупно животно, која исто така е во распаѓање и од која ја засмрдува околината. Сето тоа се случува покрај мошне фреквентен пат и среде оризовите полиња, кои деновиве се полни со земјоделци кои ги извршуваат пролетните активности.

Ако поедини граѓани покажуваат крајна неодговорност и фрлаат секаков отпад на несоодвени локации, и со нив одговорните тешко можат да се справат, тогаш барем службите на КЈП Водовод, или Македонија Пат би требало да реагираат во вакви случаи, се со цел да се спречат некои последици по здравјето на луѓето и на вкупниот животински и растителен свет.

Сподели: