„Пушеното“ месо ќе скока за 40 % ?

ОДКАКО ГРАЃАНИТЕ ПОЛЕКА ПОЧНАА ДА НАВИКНУВААТ НА НОВИТЕ ПОВИСОКИ ЦЕНИ НА МАСЛОТО ЗА ЈАДЕЊЕ, ОД МЕСОПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА СТИГНУВААТ НАЈАВИ ЗА НОВО 40 %-ТНО ЦУНАМИ КОЕ ЌЕ УДРИ ПО ЏЕБОТ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ. АКО КИЛОГРАМ ЧАДЕН СВИНСКИ БУТ СЕГА ЧИНИ 260 ДЕНАРИ, ПО ПРАЗНИЦИТЕ НЕГОВАТА ЦЕНА МОЖЕ ДА ПОРАСНЕ НА 320 ДЕНАРИ. ПРОИЗВОДИТЕЛИТЕ НА СУВОМЕСНО БАРААТ СООДВЕТНИ МЕРКИ ОД ДРЖАВАТА, ЗА ПОСКАПУВАЊЕТО ДА БИДЕ „САМО“ 20 %.

                Животот станува се поскап, бидејќи и покрај апелите и уверувањата на надлежните кои се грижат за животниот стандард на граѓаните, поскапувањата сепак се надоврзуваат едно на друго. По ценовниот шок што го предизвика зејтинот, кој од 65 скокна на над 100 денари, за литар, сега ново цунами по џебот на граѓаните најавуваат производителите на сувомесни производи. Оптимистичкиот процент на поскапувањето би бил 20 насто од сегашните цени, а песимистичкиот и најнеповолниот за граѓаните, дури 40 насто. На пример, чаден свински бут кој сега се продава по 260 денари, по поскапувањето ќе достигне цена од 320 денари.

Преработувачите на замрзнато и свежо месо се жалат дека поскапувањето го диктира порастот на цените на месото на светскиот пазар, за што влијание има и здравствената криза со пандемијата на Ковид 19. Истовремено, многу параметри кои влегуваат во формирањето на цената се поскапени, што нивната позиција ја прави неиздржлива. Некои мерки, како што се ослободување од царина на месото наменето за преработка, се одредено олеснување, но таа, како и ред други мерки треба да се преточат во законски решенија, за преработувачите да го почувствуваат долгорочниот ефект од работењето. Во таа насока и насочување на населението да ги купуваат домашните производи, што ќе ја поттикне оваа значајна индустрија.  Дека животот станува се поскап потврдуваат и цените на зелените пазари, каде речиси сите градинарски производи, овошје и индустриски култури, се поскапени во однос на лани.                                              

Сподели: