Кривични за неовластено оружје и обид за убиство заработи млад скопјанец во Пантелеј

ДВЕ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗАРАБОТИ 24 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ НА 26 АПРИЛ СО КАРАБИН КОЈ НЕЛЕГАЛНО ГО ПОСЕДУВАЛ, ПУКАЛ ПРЕКУ ВРАТА ВО ВНАТРЕШНОСТА НА ВИКЕНДИЦА, ВО КОЈА СЕ НАОЃАЛЕ ДВЕ ЛИЦА. НА ОСОМНИЧЕНИОТ МУ Е ОДРЕДЕН ПРИТВОР ВО ТРАЕЊЕ ОД 30 ДЕНА.

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен скопјанец, поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела Убиство од член 123 став 1, во врска со член 19 (во обид), казниво по член 123 став 3 од Кривичниот законик и Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот на 26 април 2021 година, околу 15:30 часот, во с. Пантелеј, кочанско, свесен за своето дело и сакајќи го неговото извршување, се обидел да лиши од живот две лица. По кратка расправија и физичка пресметка со еден од оштетените, обвинетиот земал огнено оружје – пушка ловен карабин која неовластено ја поседувал и се упатил кон оштетениот. Откако бил забележан како се приближува, двајцата оштетени се скриле во викендица на оштетената. Осомничениот тогаш од непосредна близина пукал низ дрвената врата на викедицата на висина од 116 см, при што проектилот не ги погодил оштетените.

Во насока на обезбедување на непречено овдивање на кривичната постапка, јавниот обвинител до надлежниот суд достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Сподели: