Кочанец „излекувал“ двајца штипјани за 788. илјади денари

Секторот за внатрешни работи во Штип поднесе кривична пријава против четириесетидвегодишниот Ш.М. од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама”. Во периодот од август до ноември 2020 година во Штип, пријавениот лажно се претставувал како надри лекар и успеал две лица од Штип да ги доведе во заблуда дека лекува болести. Измамените му давале пари, злато и мобилни телефони за лекувањето, при што тој се стекнал со противправна имотна корист од неверојатни 788.200 денари, соопштуваат од МВР.

Сподели: