Светски феномени – родила девет бебиња
Дури девет бебиња од една бременост родила млада жена од државата Мали, што е своевиден феномен кој ретко се случува во светски рамки. Во нејзиниот случај погрешил и ултра звукот, кој открил дека носи седум бебиња, но при породувањето се појавиле уште две. За нејзиното породување се погрижиле медицинските стручњаци во Марокот, каде поради подобрите услови и нега била префрлена, а трошоците ги покрила владата на малата држава.
Сега веќе светски познатата Халима Цисе на свет донела пет девојчиња и четири момчиња и сите се здрави и живи. Сега преостанува да се врати родилката со деветте бебиња во својот дом, а понатаму ќе биде потребен цел еден тим на дадилки кои ќе се грижат на деветте новороденчиња.
Инаку, претходно во светот имало само два такви случаи, од кои еден во Австралија пред 50 години, и во Малезија пред дваесетина години, но ниту едно од деветте немале среќа да преживеат.