Комарците почнаа да касаат, ќе прска кој кога ќе стигне

ИАКО ИМААТ ПРИМЕР КАЈ КОЛЕГИТЕ ОД ЈУГОИСТОЧНИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН, ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ОД ИСТОЧНИОТ И ОВАА ГОДИНА СЕКОЈ САМ ЌЕ СИ ГО ОРГАНИЗИРА ТРЕТИРАЊЕТО ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ, ШТО ПРЕДИЗВИКУВА КОМИЧНА СИТУАЦИЈА ВО ЈАВНОСТА. ФРЛАЊЕ ПАРИ И ПРСКАЊЕ ЗАРАДИ ФОРМАЛНА ОБВРСКА, КОМЕНТИРААТ ГРАЃАНИТЕ.

Тоа што за градоначалниците од источниот дел на државата е невозможно, за нивните колеги од југоисточниот е изводливо. Имено, десет општини од југоистокот, меѓу кои Струмица, Гевгелија, Радовиш, Дојран Валандово, Ново Село, Босилево и други, се договориле организирано да го извршат второто прскање против комарци и тоа во два едноподруго дена во осум општини и третиот во преостанатите две. За разлика од нив градоначалниците на 11 општини на истокот четврта година секој сам се договара и ангажира фирма за уништување на досадните инсекти, што создава хаотична состојба во регионот, што кај грашаните наидува на потсмев.

Анкета …

Неефективно, нелогично и апсурдно е во Општина Кочани да се третира во еден ден, во Виница по неколку дена, во Чешиново-Облешево пак по неколку дена, ако се знае каква целина претставува Кочанската Котлина и оризовите полиња. Ако не може да се постигне договор со пооддалечените општини, како Берово, Пехчево, Делчево и Македонска Каменица, би требало да може со околните, кои ги делат истите проблеми кога се во прашање комарците. Сегашната практика на борба против комарците претставува еден вид исполнување на некаква формална обврска пред граѓаните, како еве се третира, ама проблемот што нема ефект е виша сила. Тоа што народни пари залудно се фрлаат, никој не го засега.

Сподели: