Утре пред општинската зграда протест против дигиталните учебници

За утре во 12 часот е закажан протестот кој се организира на ниво на цела држава а е против дигитални учебници под мотото „Учебници и настава МОРА ДА ИМА!. Организатори на протестот се група родители кој се на социјалните мрежи ја започнаа борбата против реформите во образованието . Во Кочани протестот ќе се одржи пред општинската зграда, а организаторите ги повикаа сите родители масовно да излезат и да ја дадат својата поддршка.

Иницијативата предводена од група родители започна пред неполн месец, откако од Министерството за образование и наука ги објавија реформите во образованите и вовдеување на дигитални учебници од септември. Најпрвин се организираше бојкот на наставата , а откако не беше одговорено на нивните барања закажаа протест во сите градови низ државата.

Сподели: