Состојбата со коронавирусот во Кочани се стабилизира…
Во модуларната болница во Кочани моментално се хоспиталиирани 8 пациенти од кои 7 се на кислородна поддршка, а слободни кревети за позитивни пациенти на ковид 19 кои имаат потреба од болничко лекување има 25, информираше директорот на општа болница со проширена дејност Кочани, др. Александар Серафимов.
Серафимов додаде дека е во тек и вакцинацијата на вакциналниот пункт во Кочани , а денеска се очекува да пристигнат вакцини од Астра Зенека. Сите пријавени граѓани навреме ќе бидат известени за терминот за кога им е закажана вакцината.
Инаку во Кочани како и во останатите општини во државата, состојбата со коронавирусот се нормализира, односно драстично е намален бројот на новозаразени пациенти. Во Кочани моментално има активни 54 пациенти позитивни на КОВИД 19.