Слаб интерес за Петровденскиот турнир во мал фудбал
ДАЛИ ЌЕ СЕ ОДИГРА И СПОРЕД КОЈ СИСТЕМ, ПЕТРОВДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ, ВЕРОЈАТНО ЗАВИСИ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ЕКИПИ. ВО ПРЕДВИДЕНИОТ РОК ПРИЈАВЕНИ САМО ПЕТ ЕКИПИ, ЌЕ СЕ ПРИЈАВАТ ЛИ УШТЕ ВО ДОПОЛНИТЕЛНИОТ? НАГРАДАТА ЗА ПОБЕДНИКОТ – 60.000 ДЕНАРИ.
Петровденски турнир во мал фудбал годинава се соочува со мошне слаб интерес од страна на спортистите рекреативци, поради што е доведено во прашање неговото одржување. Според неофицијални податоци, до сега се пријавени само пет екипи, па организаторот одлучи да го продолжи рокот на 10-ти јуни. Меѓутоа, прашање е дали и во тој рок ќе се пријави уште некоја екипа, за да се спаси турнирот и да се одржи неговата традиција.
Бидејќи за пријавување останува уште утрешниот ден потсетуваме дека Пријавите може да се подигнат од Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или од официјалната веб-страница на Општина Кочани www.kocani.gov.mk.
За трите најуспешни екипи и поединци на Петровденскиот турнир се обезбедени вредни награди., а победникот ќе добие парична награда во износ од 60 илјади денари.