ПАТУВАЊЕТО КОН ЕВРОПСКАТА УНИЈА НИЗ ОДРОНИ И ОПАСНИ СВИОЦИ

Патувањето со моторно возило низ клисурата на реката Брегалница, од селото Истибање до Македонска Каменица, и понатаму до Делчево, е предизвик со многу опасности од веќе натрупани одрони, но и од надвиснати карпи кои можат во секој момент да се урнисаат на асфалтот. И покрај санацијата на најкритичните места пред две-три години, и поставените потпорни бариери, одроните на неколку места блокираа дел од коловозните ленти. Кога ќе се отстранат, засега никој не кажува, поради што може да се претпостави дека се чека да се доурниса ерозивното земјиште со карпи, па потоа да се интервенира. Жителитенаистокоткако и транспортери и превозници од целата држава и од странство велат дека непримерно е конЕвропскатаунијада патуваатнизпрашина, одрони и опасни свиоци.По магистралниотпатодКочанидомакедонскобугарскиотграниченпремин кај Делчево  секојдневотранзитирааттешки камионисостокакојасеувезуваилиизвезува, чии возачи мора да бидат вистински виртуози за да ги совладаат многубројните препреки.Свлечиштето кое деновиве го сними нашата камерастоиуште одлани и сеуштене е отстрането и е активно во услови на врнежи. Повложените тримилиониевра за последната санација, која даде само делумни ефекти,, сегасепотребниречисиосуммилиониевра, за трајно да се реши проблемот. Меѓутоа за возрасните жители на истокот, најдобро решение е сообраќајното поврзување на пограничните населени места со централниот дел на државата, вклучително и поврзувањето со Бугарија, е патот преку Калиманско Поле, кој поминува покрај Биглата, Трсино и Трстија, кој доколку се доизгради и модернизира, ќе овозможи безбеден и побрз транспорт.        

Сподели: