Втор ден протести на ВМРО ДПМНЕ ВО Кочани
Втор ден по ред членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ ја блокираа улицата „Раде Кратовче“ во Кочани со истото барање Владата да го објави документот за кој се преговара во македонско-бугарскиот спор, за кој опозициската партија има информации и се сомнева дека содржи елементи со кои се загрозуваат посебноста на македонскиот народ, јазик, култура, традиција, обичаи и периодот на ослободителната антифашистичка борба. Како и сознанијата дека Декларацијата што е поднесена во Бугарскиот парламент се подготвува да стане составен дел од преговарачката рамка на Р. Македонија со Европската Унија. Учесниците во барикадите бараат Заев и Бучковски да и објаснат на македонската јавност што содржи преговарачката рамка со официјална Софија, односно што содржи „патоказот“ бидејќи само тие го имаат тој документ пред себе и должни се да го споделат со граѓаните. Дотолку повеќе што договорот со Бугарија наместо да ги реши проблемите, уште повеќе ги поттикна.
Протестите и блокадите на крстосници продолжуваат и утре и задутре, со можност да продолжат и понатаму.