150.000 евра од БРР за „Роза Петрова“ и патот до Бела Река

Бирото за регионален развој ќе учествува во реконструкцијата на улицата „Роза Петрова“ и во доизградбата на вториот дел од локалниот пат Крушка – Ајдар, со средства во износ од 9,5 милиони денари. 

Според проектот, реконструкција на улицата „Роза Петрова“ ќе се изведе од вкрстувањето со улицата „Ристо Симеонов“ до спојот со улицата „Страшо Ербапче“. Оваа улица е една од најфреквентните во Кочани која поврзува  дел од најголемите населби во градот: Текешински Лозја, Драчевик, Калиманова Глава и Валог, и претставува сообраќајна врска преку западниот влез на Кочани со туристичкиот локалитет Пониква.

Бирото за регионален развој намени 3 милиони денари за изградба на втората фаза од локалниот пат Крушка – Ајдар, во должина од 773 м. Во првата фаза беа асфалтирани близу 2 км, а со новите 770 метри, асфалтот ќе стигне до коритото на Бела река.

Сподели: