Младенците славеле, крадците ги ограбиле

На српските свадби, младенците добиваат мало богатство во пари од бакнување рака, поклони во плик и од китење со девизни банкноти. Меѓутоа, кога расположението е поголемо од рационалноста, се случуваат и непредвидени работи. На една неодамнешна свадба во српско село, додека веселбата била во полн ек, собраните пари од свадбената веселба наеднаш ги снемало. Односно биле украдени. Се работи за вкупна сума од над 20.000 евра, која ја однеле крадците. Отежнителна околност е што кражбата била откриена кога дошло време трошиците да се платат, а олеснителна што се верува дека тоа го направиле луѓе од свадбената церемонија, кои знаеле каде се оставени пликоата со девизи.

Се верува дека во моментот на кражбата куќата на свекорот и свекрвата била празна, бидејќи веселбата се одржувала на другиот крај од населеното место. А во такви случаи, кога речиси цело село е на свадба, крадците можат незабележано да провалат во куќата, да ги земат парите и да си заминат. Можеби дури и да се вратат на свадбата.

Сподели: