Неочекувано, Николчо Илијев изоставен од првиот пакет кандидати за градоначалник
ДАЛИ АТРИБУТИТЕ НА АКТУЕЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НИКОЛЧО ИЛИЈЕВ, НЕ ПОМИНАА КАЈ ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА СДСМ, ИЛИ ВО ПРАШАЊЕ Е НЕКАКВА СТРАТЕГИЈА, ВАЖНО НЕГОВОТО ИЗОСТАВУВАЊЕ ОД ПРВИОТ ПАКЕТ ОДЕКНА ШОКАНТНО ВО ОДРЕДЕНИ ПАРТИСКИ И ПОЛИТИЧКИ КРУГОВИ И КАЈ ВЛАСТА И КАЈ ОПОЗИЦИЈАТА, ВО ОПШТИНА КОЧАНИ. РАЗРЕШЕНИ ДИЛЕМИТЕ ОКОЛУ КАНДИДАТИТЕ ВО ВИНИЦА, ПЕХЧЕВО, ДЕЛЧЕВО, ПРОБИШТИП И ШТИП.
Шокантно за одредени кругови во Општина Кочани, одекна изоставувањето во првиот пакет на актуелниот градоначалник Николчо Илијев, од кандидатурата за втор мандат. Очигледно уважувањето од партискиот врв, во поедини приватни активности се едно, а партијата и политиката се нешто сосема друго. Сега веќе станува јасно дека на политичката берза не се вреднуваат надпартизмот, „нула“ трошењето буџетски пари за репрезентација, бензин и телефон. Уште помалку, самоизолирањето од се околу себе и практицирањето на функцијата според стандардите на приватна фирма.
Но сите карти, кога се во прашање кандидатите за градоначалници, сеуште не се отворени, па веројатно можни се секакви решенија во вториот, третиот… пакет.
Интересно е што во регионот, ИО на СДСМ потврди дури пет кандидатури за градоначалници, и тоа на општините Виница – Ивица Димитров; на Делчево – Горан Трајковски; на Пехчево – Славчо Пауновски; на Пробиштип – Драган Анастасов; и на Штип – Сашко Николов; На списокот на чекање, покрај Кочани, се општините Чешиново-Облешево, Зрновци, Македонска Каменица и Берово.
СДСМ ги потврди кандидатурите и во Скопје каде ќе оди со Петре Шилегов. Како и во повеќе други општини, каде нема дилеми кои кандидати ќе го трчаат изборниот круг.