За 2,5 месеци испорачани 30. милиони м3 вода

ПОРАДИ ЕКСТРЕМНО ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ, ВОДОСТОПАНСТВО „БРЕГАЛНИЦА“ ИСПОРАЧУВА ПО 13 м3 ВОДА ВО СЕКУНДА ПРЕКУ ЛЕВИОТ И ДЕСНИОТ МАГИСТРАЛЕН КАНАЛ. ЗА СЕДУМДЕСЕТИНА ДЕНА ПОТРОШЕНИ НАД 30 МИЛИОНИ КУБИЦИ ВОДА ОД „КАЛИМАНЦИ“, КАДЕ СЕГА РЕЗЕРВИТЕ СЕ НА ОКОЛУ 80. МИЛИОНИ.

Водостопанство Брегалница засега успешно се справува со испораката на вода за подсистемите во рамките на Хидросистемот Брегалница. Деновиве, кога температурите се околу 40-от степен, од акумулацијата Калиманци се испуштаат по 13 кубни метри вода во секунда. Истите понатаму се распоредуваат на магистралните канали и на секундарната каналска мрежа, за да стигнат до водокорисниците. Преку десниот магистрален канал се дистрибуираат 9 до 10 кубици вода, а во преку левиот до 3,5 кубици вода во секунда. Истовремено оптимални количини вода се дистрибуираат и до подсистемот Свети Николе.

Од Водостопанство Брегалница оценуваат дека наводнителната сезона се одвива нормално и квалитетно и не се евидентирани посериозни проблеми во подсистемите. Тоа значи дека сите водокорисници кои имаат потреба од поинтензивно наводнување, вода добиваат на време и во бараните количини.

Како последица на зголемената потрошувачка на вода, во изминатите два и пол месеци нивото на акумулацијата Калиманци е намалено за триесетина милиони кубни метри вода, односно од околу 110.милиони е паднато на 80. Тина милиони кубици вода. Со оглед на фактот дека шпицот на наводнителната сезона ќе трае уште околу еден месец, се очекува дека значајни резерви ќе останат и за наредната година.

Сподели: