Неофицијално, горат куќи и други објекти
Се повеќе панични повици се ширан на социјалните мрежи. Загрозените повикуваат на помош од општината, од државата и од граѓаните. Бараат вода, бараат противпожарни возила, бараат хеликоптери. На локално ниво засега никој не се огласува да ја процени ситуацијата и да реагира соодветно. Дел од граѓаните се во паника, бидејќи неофицијално, веќе се запалиле и изгореле две куќи. Многу повеќе се во опасност.
Страв и паника и кај населението кое гравитира кон Јастребник, кон Полаки и другите планински села, каде голем пожар се шири без контрола и можност да се локализира поради непристапниот терен. Жители на овие села стравуваат ударите од силен ветер да не им го донесат пожарот во селата и маалите, а тогаш ќе биде доцна за реакција и спасување на имотите.
Екипи новинари и сниматели од регионалните и националните медиуми прашуваат за размерите на пожарите и за локациите, и се на пат за Кочани да ја регистрираат опасната ситуација.