Награда за видеото со пожарот над Белско Маало

Актуелности.мк го предлага за специјална награда снимателот на видеото со огнените јазици и густа чад над куќите во Белско Маало, бидејќи страшниот призор ги донесе во Кочани првите луѓе на власта и на опозицијата. И не само нив, туку и одговорните за кризи, кои ја сфатија сериозноста на ситуацијата, дури откако го видоа истото на социјалните мрежи и во вестите на телевизиите, па испратија помош.

Претходно очајните апели на локалните фактори останаа без позитивен одговор, за што зборува  една од многубројните изјави на градоначалникот, дадени за медиумите, во која тој вели: „Веќе се зафатени повеќе куќи, во непосредна близина има борова шума која е зафатена, се шири во неопределен правец, на каде ќе дувне ветер. Едно возило од противпожарната единица ни го зафати огнот. Во  регионов во секое населено место има пожари, не може никој да ни излезе во пресрет, состојбата е очајна. Разговарав со ЦУК повеќе пати, ги молев да ни дадат еден хеликоптер. Нема и нема. Не знам што ќе ни даде ноќта“.

Граѓаните кои претрпеа најголеми штети од пожарот два дена по стихијата се прашуваат дали некој затаил и задоцнил со реакцијата, што директно влијаело да бидат предизвикани големи оштетувања на објектите, имотите и на природата …

Сподели: